Кире Маркоски, повремениот репрезентативец на Македонија не е веќе член на Шкендија. И тоа по само шест месеци престој во редовите на тетовскиот клуб. Имено денеска клубот објави дека го раскинува договорот со Маркоски и дека тој може да си побара нова средина.
Инаку објавено е дека покрај Маркоски, како што веќе пред неколку денови „Спортмедиа“ информираше, тетовци “раскинаа“ и со Џеси и со Менсалао.
Инаку во секој момент Шкендија треба да го објави новиот шеф на струката, како што вчера објавивме, најверојано тоа ќе биде Хаиме Монро, Португалец, некогашен тренер на Алиоски во Лидс и на Ибраими во Ксанти.