Тодоровски заврши со Теута, се враќа во ПМФЛ!

1980

Благоја Тодоровски, еден од нашите најтрофејни фудбалери, откако му истече тригодишниот договор со Теута, тим од Албанија, одлучи да се врати во Македонија. Искусниот офанзивен десен бек кој има титули со Ренова, Работнички, Шкендија, па со Теута, има и неколку куп трофеи освоено во својата кариера, веројатно својата кариера ќе ја продолжи во некој од нашите прволигашки клубови.

Минав одлични три сезони во Драч, во тимот на Теута. Освоивме се што можеше да се освои, но сепак време е за дома. Едноставно доста беше. Иако пред извесно време размислував за фудбалска пензија, сега искрено не мислам така. Одлично се чуствувам, и кога гледам дека клубови пројавуваат интерес за мене, најверојатно ќе одиграм барем уште шест месеци или една година. Има некои контакти, но за тоа каде ќе ја продолжам својата кариера веројатно ќе се знае во текот на следната недела. Тогаш би требало некои работи да станат појасни“ изјави за „Спортмедиа“ искусниот десен бек и досегашен фудбалер на албанската Теута.

ПретходноИ славниот Баџо “плаче“ по поразот од Македонија: Срамно и лудо е што Италија не е на Мундијалот!
СледноСензационално: Партизан тргна по Пирло!