Бобан Грнчаров од денеска и официјално е шеф на стручниот штаб на Вардар. Тој и досега ја обавуваше оваа функција во тимот кој изминатата сезона во ВМФЛ – ЗАПАД беше очаен и заврши дури како трети, но нема веќе да биде В.Д. Како што стои во соопштението на ФК Вардар, со него е договорено три години да биде на клупата на скопските “црвено – црни“.
Негови помошници ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски.
Инаку и спортскиот директор Александар Бајевски останува во клубот, и тој има договор во наредните три сезони да биде во раководството на Вардар.