Ѓорѓиев не успеа: Поразен во битката за „Вако про“ титулата

219

Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев загуби во борбата за европската титула на „ВАКО про“ против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина во категоријата до 81,4 килограми. Вечерва во Зворник, БиХ, во рамките на настанот наречен „Бател фор белт“, Ѓорѓиев по пет рунди во дуелот со Дробњак е поразен со судиска одлука.

Видовме исклучително жестока битка и од двајцата борци кои покажаа дека не случајно се борат за трофејот. Дробњак го доби шампионскиот пехар во оваа категорија, а Ѓорѓиев ќе чека нова шанса за атак на титулата.

Претходно во К-1 во категорија до 83 килограми, извонреден настап имаше Бобан Илиоски. Тој експресно го реши Хрватот Борна Манојловиќ и со прекин на борбата дојде до победа.

ПретходноЛН: Катастрофи на Хрватска и Белгија, Данска ја шокираше Франција (ВИДЕО)
СледноФудбалери на Авелино пресретнати и ограбени од навивачите затоа што загубиле во бараж (ВИДЕО)