Фудбалската селекција на Хрватската доживеа тежок пораз на стартот на Лигатата на нации, откако вечерва на стадионот „Градски врт“ во Осијек беше прегазена од Австрија со убедливи 3:0.
Австрија поведе со голот на Марко Арнаутовиќ во 41. минута, за во вториот дел до стигнат уште два гола преку Грегорич и Марсел Сабицер за убедлив триумф.
Австрија на овој меч можеше да извојува и поубедлива победа. Гостите имаа уште неколку шанси.
Во вториот натпревар од групата „1“ од Лигата на нации, Данска ја совлада Франција со 2:1 среде Париз. Французите први поведоа со голот на Бензема, но Корнелиус со два гола во финишот донесе голем пресврт и голема победа на скандинавците.
Вистинска катастрофа претрпе и Белгија, која на домашен терен загуби од соседите, холандија со 4:1. Гостите водеа и со 4:0 со головите на Бергвин, Депај (2) и Думфрис, за домашните само да го ублажат високиот пораз со голот на Батшуај во судиското продолжение.
Во сегментот Б, Словачка ја совлада Белорусија со 1:0, а во Лига Д, Молдавија беше подобра на гости кај Лихтенштајн со 2:0.