Националниот тим е во Гибралтар каде попладнево од 18 часот на стадионот „Викторија“ влегува во вториот меч од Лигата на нации и битката за нова историја и отварање на портите за нов настап на ЕП. Фаворити, три бода и фаќање на победнички залет по позитивните 1:1 во Разград кај Бугарија. Тоа се нашите очекувања тука под карпата во Гибралтар. Гостуваме кај селекција кога секогаш претставувала нагазна мина, и домаќин кој игра бункер, кој игра на вештачка трева и домаќин кој од година во година оди напред и само напред.
Мора да се пресконе денешната гостинска битка за да се влезе максимално фокусирани кон главната за нас пресметка, а тоа е Грузија во четврток во Скопје. Она што вреди да се напомене на неколку часа пред дуелот со Гибралтар е тоа дека се очекуваат неколку измени во нашиот состав, од оние први 11 кои настапија на дуелот со Бугарија пред неколку дена. Постојат ситни повреди кај некои од фудбалерите кои треба да се освежат и чуваат за следните два дуели. Селекторот Благоја Милевски со денови апелира да се внимава на Гибралтар и со максимален респект да се гледа кон денешниот ривал. Таа негова претпазливост е очекувана со оглед на тоа дека тој како селектор на младата селекција загуби на гости кај оваа селекција и тоа само неколку месеци по настапот на младата селекција на ЕП.