Вориорс го возвратија ударот со чудесна трета четвртина (ВИДЕО)

168

Кошаркарите на Голден Стејт успеаја да изедначат на 1-1 во финалната серија во НБА-лига. Вориорс не дозволија да им се повтори првата средба, го совладаа Бостон со убедливи 107-88 благодарение на Стеф Кари и Џордан Пул.

Кари на паркетот мина само три четвртини, постигна 29 поени. Во последниот период Голден Стејт веќе беше сигурен дека ќе дојде до победата, имаше двоцифрена предноста, која не ја „прокоцкаа“. Пул постигна тројка за плус 23, Бостон не успеа да се врати во игра. Овој период, Вориорс го добија со неверојатни 35-14.

Зад Кари беше Пул со 17 поени, на другата страна Татум имаше 28 поени, Браун застана на 17.

ПретходноАлкалоид младински првак, МВП признанието за Митев
СледноБобан Николов со највисока оценка за дуелот со Гибралтар