Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за следната натпреварувачка сезона.
Вкупно 16 екипи ќе бидат дел од „елитата“, истите се поделени во две групи со по осум учесници. Првите четири тима од секоја група ќе се најдат во плеј-офот, додека последните четири од секоја група во плеј-аут.
Бранителот на титулата, Вардар 1961 се најде во групата А заедно со Бутел Скопје, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино и Куманово, додека Е.Пелистер се најде во групата Б заедно со Е.Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор К.В и Скопје.