Паралелно со доверувањето на новитетите во тимот, екипата на Силекс секако дека ќе мора и дел од играчите кои досега настапуваа во Кратово, да ги ослободи од обврските.
Дел од играчкиот кадар ќе мора да си ја побара среќата на друго место, а во прв ред тоа е стандардниот во изминатиот период Благојче Спиркоски.
Спиркоски веројатно ќе му се приклучи на Гостивар како и неговиот досегашен соиграч Стојан Стојчевски. Од Силекс заминуваат и Христијан Додевски како и Мартин Димовски.