Како што јавуваат медумите во Англија, се чини дека нема ништо од тоа Антонио Конте да седне на клупата на Тотенхем. Милионите што го бара довчерашниот стратег на Интер се премногу за “скржавиот“ Даниел Леви, првиот човек на “спарси“.
Нема да има договор и не само поради парите, туку и поради фактот дека Конте не видел визија за иднината на клубот, визија да се бори за титулата.
Инаку условите на Конте биле следни. Најмалку 17,5 милиони евра нето годишна плата. Тука не се сметаат големите премии во случај на успех. Стручниот штаб да биде целосно негов, да биде составен од негови луѓе а не Леви да му наметнува соработници.
Најмалку 120 милиони евра за летниот преоден рок, по секоја цена да има квалитетни засилувања. Конте му кажал на Леви дека ако сака битка за титулата против Сити, Ливерпул, Јунајтед и Челзи, тогаш мора да донесе најмалку 10 екстра квалитетни играчи и дека само Кејн и Сон имаат квалитет за новиот, контеовскиот Тотенхем. Се друго според Италијанецот било гола вода во однос на тимот.
Дека не го интересира форсирање на младите, едноставно му објасинл на Леви дека не може од него да бара успеси а да игра со млади играчи.
И последен услов му бил по секоја цена да се задржи Хари Кејн.
На ова Леви му одговорил дека тешко би се договориле, едноставно разликите меѓу него и Конте биле преголеми.
Тоа значи дека и во следната сезона “спарси“ тешко дека ќе ја помирисаат ЛШ, уште помалку титулата во Премиерлигата.










