Од САД простигнува веста дека е срушен рекордот на продажба на еден спортски колектив. НФЛ тимот Денвер Бронкос доби нов сопственик за неверојатно 4.6 милијарди долари, што е најголема сума извоена за еден клуб во историјата.
Претходно, безбол тимот Њујорк Метс своевремено беше продаден за 2.4 милијарди долари. До комплетирање на целата зделка потребни се да минат уште два до три месеци но ова секако дека е најголемиот дил кога станува збор за еден спортски колектив.