Лига Нации-3.коло: Македонија – Грузија…битка за првото место во групата!

301

 

Нема одмор, јунскиот циклус во Лигата на Нации е во полн ек. По мечевите на Македонија во Разград и Гибралтар, вечерва од 20:45 часот за првпат играме дома и тоа против Грузија, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. По двете кола во Лигата на Нации во сегментот Ц, во групата -4, четата на Благоја Милевски освои 4 бода и е втора и тоа зад вечерашниот ривал Грузија, која имаше перфектен старт со две победи. Посебно импресивна беше онаа на гости кај Бугарија.

Нема дилеми дека оваа вечерашна битка меѓу Македонија и Грузија веројатно ќе биде една од решавачките за тоа која од овие све селекции на крајот ќе заврши како прва и ќе се пласира во следната фаза.

Ние веруваме во нашите момци, веруваме дека оваа битка може да ја добијат.

 

ЛН –Ц, ГРУПА 4, ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА -20:45 Ч

МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА

ГИБРАЛТАР – БУГАРИЈА

ТАБЕЛА

1.ГРУЗИЈА 2 2 0 6:0 6

2.МАКЕДОНИЈА 2 1 1 0 3:1 4

3.БУГАРИЈА 2 0 1 1 3:6 1

4.ГИБРАЛТАР 2 0 0 2 0:6 0

ПретходноЛапорта со одлични вести за навивачите на Барселона
СледноШпанците објавија дека оди во Гетафе, неговиот менаџер порача: Немам број од тој човек!