МЗТ Скопје сам одлучува за титулата, Битола „гори“ за реванш!

180

Третата пресметка меѓу МЗТ Скопје и Пелистер во финалната серија доби неочекувана развршница. Актуелниот македонски првак на дело покажа колку може да биде опасен, а битолскиот тим пак колку може да биде очаен.

Иако често пати во етерот можеме да слушнеме забелешки од страна на Марјан Илиевски за судиите и нивниот критериум, во Скопје се покажа дека неговиот тим не е ниту од близу налик за еден првак. Овој пат никој не беше виновен за дебаклот, сем стратегот и неговите момци, кои денеска ќе покажат дали ја научиле лекцијата и ќе успеат да се издигнат по големиот дебакл. Ќе ги имаат навивачите на своја страна, кои се покажаа како вистински мотиватори на мечот број два.

На другата страна МЗТ Скопје сам ќе одлучи дали пехарот ќе го подигне во Битола и ќе стави крај на оваа финална пресметка или пак ќе мора тоа да го стори во Скопје. Александар Петровиќ и неговите момци одиграа неверојатно добар натпревар, доминантно дојдоа до водство од 2-1 и на дело покажаа зошто се бранители на титулата. Сето она што не успеаја да го сторат во Битола, го покажаа пред своите фанови. МЗТ Скопје доколку дојде до триумф, во салата „Боро Чурлевски“ ќе го подигне деветиот пехар во својата историја.

Мечот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје е закажан со почеток во 18:30 часот.

ПретходноЕден македонски селектор си оди, друг доаѓа!
СледноНовиот евролигаш се засилува со кошаркар од НБА-лига