Одлични вести од Златибор (Србија), од силниот турнир за млади фудбалери насловен како „Куп на Пријателство“.
Имено надежите на Вардар ја победија Олимпија со 2:1 и се пласираа во 1/4 финалето, каде ќе играат со Динамо Загреб.
Како што велат информациите од Златибор, младите фудбалери на Вардар одиграле одличен меч, а головите ги постигнале Јовановски и Алии.
Во следната фаза на овој турнир се најдоа и надежите на АС. Пандев, кои пак ќе ги одмерат силите со Ц. Звезда.