Милевски: Во моментот ова е нашиот максимум!

1870

По фијаското од Грузија и тешкиот пораз од 0:3 со свој став по натпреварот на прес конференцијата селекторот Благоја Милевски:
Што се случи!? Прво честитки за победата на Грузија, одиграа добар натпревар. Што би посочил како причина – освен три лоши наши реакции. Имавме контрола на играта барем 50 минути, потоа паднавме физички. Грузија е ниво над нас на физичка подготвеност. Нема ништо да им замерам на момците. Ова е нашиот максимум во моментот. Жалам што не дадовме гол, два или повеќе во периодот кога имавме доминација. Ќе пробаме во недела да се консолидираме“.

Нападот не донесе посакувана цел…!?
„Овие натпревари, моментот во кој се играат се вон секоја логика и затоа морам да ротирам. Се сложувам дека ни недостигаше завршниот пас, тој момент за шанса за гол. Од утре ќе видиме кој ќе биде спремен за недела“.

Задоволни ли сте од реакцијата на навивачите?!
Благодарност за сите оние кои дојдоа да не поддржат. Тоа е знак дека ја препознаваат оваа енергија која ја даваат момците на теренот. Ни значи тој аплауз по натпреварот и покрај лошиот резултат, а на нас ни е должност да се оддолжиме на некој следен меч. Во моментов немам замерки кон играчите и сакам да искажам благодарност до публиката“.

Дали по овој пораз креваме бело знаме од првото место во групата!?

Од почетокот на моето доаѓање реков дека главна цел ни се главните квалификации кои почнуваат покасно. Овие натпревари од Лигата на нации се дел од таа подготовка за тие квалификации. Ќе имаме појасна слика по овие 4 и тие два во септември за да знаеме со каков потенцијал располагаме. Има уште 3 меча до крај, нема денеска лесен или тежок противник. Видовте денеска што се случи во Гибралтар. Сите заслужуваат респект, сите напредуваат. Додека постојат шанси, целта ни е иста ќе се бориме за посакуваната цел. Прво да победиме во недела, а потоа се завршните два дуели во септември“.

ПретходноЛудо: Соиграч на Барди потпиша договор до 2032 година!
СледноНесогласување е причината зошто ЛЕГЕНДИТЕ морале да се преместуваат!