Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ е во Скопје. Тој го проследи последниот финален натпревар меѓу МЗТ Скопје и Еуро Никел, кој припадна во знакот на тимот од Аеродром, на домашен терен ја подигна осмата титулата во својата историја.
Бајиќ имаше што да види. Македонските кошаркари имаа што да покажат, оние кои веќе се на списокот беа лидери во оваа финална серија. Новиот предводник го чека бурен период, Македонија ќе игра претквалификации за квалификации за Светското првенство.
Селекторот беше во друштво на раководството на КФСМ, а над него беше и неговиот помошник Александар Јончевски.










