Македонија ќе игра за својата чест…

266

 

Вечерва од 18 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, со мечот против Гибралтар конечно ќе заврши пеколниот јунски циклус во Лигата на Нации – Ц, во групата – 4. Ова ќе биде четвртиот меч за десет дена за момците на селекторот Благоја Милевски. Се разбира дека по оној шокантен пораз од Грузија дома, и тоа со 0:3, во кој и играчки и резултатски бевме “демолирани“ сега на ред е со една убава победа, убав и квалитетен настап да го завршиме овој јуни и да го дочекаме септември, кога се играат последни два меча од групата.

Факт е дека за Македонија овој циклус на Лигата на Нации е завршен. Грузија ни бега 5 бода по само три одиграни кола, но факт е дека вечерва мечот со Гибралтар мора и баш мора да се добие. Не толку поради тие три бода туку пред се поради својата чест. Македонија во последните неколку години си изгради свој имиџ, и тој треба да се одржува со победи, со квалитетни игри. Да покажеме дека тој меч со Грузија беше само лош ден, дека заморот си го стори своето и дека и на Македонија, како и на секоја друга репрезентација може да и се случи да загуби на тој начин.

Македонија вечерва пред се треба да игра и за својата чест..

Во вториот меч од нашата група во Тбилиси се среќаваат Грузија и Бугарија.

ЛИГА НАЦИИ- Ц, ГРУПА-4, 4.КОЛО

ВЕЧЕРВА – 18 ЧАСОТ

СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА –ГИБРАЛТАР

ТБИЛИСИ: ГРУЗИЈА – БУГАРИЈА

ТАБЕЛА

1.ГРУЗИЈА 3 3 0 12:2 9

2.МАКЕДОНИЈА 3 1 1 1 3:4   4

3.БУГАРИЈА 3 0 2 1 4:7 2

4.ГИБРАЛТАР 3 0 1 2 1:7 1

ПретходноДевет од 16 екипи го чекираа местото во Лигата на шампиони!
СледноKK Пелистер со осврт на сезоната: Убедливо најгледана екипа во шампионатот!