Звезда и Динамо прашаа за талентите на Академија Пандев

5060

Денеска завршува традиционалниот турнир на пријателството за младински категории во Златибор на кој своја забележлива улога годинава имаа нашите Академија Пандев и Вардар.

Обата тима ги завршија борбите во елиминационата фаза, а Академија Пандев одигра прекрасен дуел против Црвена Звезда кој го загуби несреќно на пенали.

Противникот честиташе и покрај елиминацијата, но фудбалското око на така големи клубови забележува потенцијал и веднаш инсистира на соработка и ангажман.
А во таборот на Академија Пандев во моментов потенцијалот е на високо ниво. Целиот тим одигра на одлично, а претставници на Звезда но и на Динамо Загреб прашаа за напаѓачот Димитар Трајков и Мартин Ѓоргиевски, капитенот на репрезентацијата на Македонија 2004 годиште. Кире Станојков стрелецот на единствениот гол за струмичани на дуелот против Звезда исто така влезе во бележникот на големите клубови.
Академија Пандев како клуб често низ годините испраќаше свои таленти низ Европа во разни фудбалски гиганти па нема да биде изненадување ако Трајков и Ѓоргиевски наскоро ги видиме на тренинзите во Белград или Загреб.

ПретходноДенеска младите финишираат против Босна
СледноПобеди во ММА па се потпиша со крв (ВИДЕО)