Марко Ѓорѓиевски во нападот на “пандевци“!

1683

А. Пандев е посилна за Марко Ѓорѓиевски (22), напаѓачот на нашата млада репрезентација и досегашен член на Шкупи. Како што велат нашите информации, робусниот напаѓач веќе е во Струмица и му се приклучил на својот нов тим.

Секако дека по заминувањето на Георгиев и Ангелов, на “пандевци“ им требаше квалитетен шпиц и во Ѓорѓиевски и го добија.

Инаку Ѓорѓиевски во својата кариера досега покрај Шкупи, има играно и за Борец, Вардар а има и интернационална кариера во Србиија и тоа во екипите на Вождовац и Раднички Пирот.

ПретходноЛШ: Карабах, Шериф, Слован, Линколн и Шамрок се можните ривали на Шкупи на утрешната ждрепка!
СледноРобот, кој е програмиран да спортува и да забавува е новата маскота за СП 2023