Владимир Петровиќ е новиот офанзивец на Силекс

554

Екипата на Силекс и официјално го доведе второто интернационално засилување ова лето. Се работи за досегашниот играч на тимот на Раднички од Сремска Митровица, Владимир Петровиќ.

Петровиќ во моментов има 25.години, игра на позицијата „десетка“ и ќе биде секако големо засилување за кратовци кои што интернационалци од Србија секако не им се непознаница.

Напротив, во Силекс годиниве минаа многу фудбалери од оваа земја, а веќе летово пристигна и Марко Маринковиќ како опција за позицијата стопер.

Петровиќ инаку е син на некогашниот напаѓач на екипите на Вардар, Тиквеш и Борец, Саша Петровиќ кој играше на позицијата напаѓач и кој остави одличен белег во македонскиот фудбал.

 

ПретходноМатиќ официјално во Рома
СледноЃурковски се враќа во Тиквеш, Каракамишев и Делов заминуваат од Кавадарци