На комплексот Петар Милошевски вчера репрезентацијата на Македонија до 15 години на челот со селекторот Дашмир Беари одигра реми 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора. Стрелец на единствениот гол за нашиот тим беше Хисар Али.
Во продолжението од средбата противникот успеа да го израмни резултатот. Максим Џукиќ погоди во 75. минута и ги постави конечните 1:1.
Македонија: Онур Бешир, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Камечно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу