Екс голманот на Академија Пандев, интернационалецот од Србија, Душан Чубраковиќ е нов чувар на мрежата на тимот на Струга Трим Лум.
Тој беше дел од нашиот домашен ПМФЛ шампионат во сезоната 2018/19 кога бранеше за Академија Пандев, а потоа замина во Ерменија каде што настапуваше за тимот на Новаранк.
Сега, повторно се враќа во Македонија, овојпат во тимот на Струга, која што остана без прв голман затоа што Давор Талески замина во Шкендија.
Откако стружани осетно се засилија со доверувањето на Бесарт Ибраими кога станува збор за нападот, редно беше да доведан и квалитетен голман кој ќе застане меѓу диреците.