Академија преговара со Илиев за нов договор

314

Тимот на Академија Пандев и искусниот бек Томислав Илиев преговараат за нова соработка. Откако актуелниот договор на левиот страничен дефанзивец заврши редно е да се испреговара за нов или пак евентуално да се види што понатаму со неговиот престој во клубот. Академија Пандев годинава е учесник во фудбалска Европа и секако дека што побргу струмичани мора да го состават тимот со кој ќе се претстават на меѓународна сцена.

Од друга страна, што се однесува до засилувањата, тука е Марко Ѓорѓиевски капитенот на У12 генерацијата на Македонија која што е во заминување, и кој пристигна од актуелниот шампион Шкупи.

 

ПретходноЧубраковиќ ќе брани за Струга Трим Лум
СледноШесткратниот француски првак исфрлен во Третата лига!