Познат е Ол-Стар тимот за оваа сезона во Лигата на шампиони

202

Традиционално на еден ден пред стартот на полуфиналните натпревари во Лигата на шампиони, ЕХФ го објави Ол-стар тимот за оваа сезона. Меѓу номинираните беше македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и членот на Вардар 1961, Тимур Дибиров.

Фановите гласаа, за жал ниту еден од горенаведените не се најде во „Дрим тимот“. За тренер на сезоната е прогласен Талант Душебаев, предводникот на Кјелце.

Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Хампус Ване (Фленсбург)
Лев бек: Петар Ненадиќ (Веспрем)
Централен бек: Кентин Мае (Веспрем)
Десен бек: Дика Мем (Барселона)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барселона)
Линиски играч: Камил Сипжак (ПСЖ)
Најдобар дефанзивец: Хендрик Пекелер (Кил)
Најдобар млад играч: Тобијас Грендал (Елверум)
Главен тренер: Талант Дујшебаев (Кјелце)

Претходно„Самоубиство“ на Вардар: Филип Петковски потпиша за Гостивар!
СледноПобеда не се договори со Бубања…сега нов пик е Бобан Бабунски!