Јакобсен: Среќен сум што ја одбегнавме Франција, не сум среќен за Црна Гора

62

Данска, Словенија и Црна Гора, се трите земји противнички на македонската ракометна репрезентација во групната фаза на ЕП 2022 година. Иако е рано да се дадат било какви очекувања, сепак селекторите на сите учеснички ја направија првата анализа.

Николај Јакобсен, предводникот на актуелниот светски првак, Данска, не ја спомна Македонија, иако поразот во Скопје, верувам дека е свеж и дека долго време ќе го памети.

„Јас сум среќен што ги избегнавме Франција и Исланд, но ме нервира што од последниот шешир ја добивме Црна Гора, тоа е тимот што сакав да го избегнам. Сепак сигурен сум дека ќе ја минеме групата, а доколку го сториме тоа не чека тешка задача“, изјави Јакобсен кој пред неколку дена потпиша нов договор со данската федерација, тој ќе биде селектор до 2025 година.

ПретходноМакедонија на ЕП 2022 можете да ја бодрите за 14 евра!
СледноВрањеш: Македонија ја победи Данска, затоа не треба да се потцени!