Уште еден потпис: Бурхан Мустафов се врати во Пелистер!

464

Челниците на ФК Пелистер наголемо го одработуваат летниот преоден рок.Намерата е јасна, треба да се создаде тим кој во следната сезона во ВМФЛ ќе атакува кон првите места кои водат во елитата. Токму затоа се и силните засилување кои клубот овие денови ги ангажира.

Па така од денеска Пелистер е посилен за играчот за врска Бурхан Мустафов, кој потекнува од школата на клубот, а доаѓа од тимот на Ренова. Претходно Мустафов играше и за Силекс, Струга ТЛ, Победа, а дел од својата досегашна кариера играше и за Теута (Албанија).

Мустафов во Пелистер ќе биде големо засилување.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат, надвор и текст кој вели „LEGEA neлиcTep LAY™ dLife“

ПретходноМакедонија освои 61 медал на Балканското првенство во кик бокс (ФОТО)
Следно„Лавовите“ од денеска во Маврово, закажани пријателски со косовските тимови Дрита и Лапи!