Откако добија корпа од Зинедин Зидан, раководството на Пари Сен Жермен ја „активира“ втората опција околу тренерската позиција во тимот. Неофицијално ПСЖ ќе плати 10 милиони евра за „слободата“ на Кристоф Галтие, актуелниот тренер на Ница. Французинот има договор со Ница до 2024 година, па затоа францускиот првак ќе плати отштета за да го ангажира.
Инаку Галтие е познато тренерско име во Франција. Тој стана шампион на Франција како предводник на Лил во сезоната 2020/21, го освои Лига купот со Сент Етјен во 2013 година, а со Ница играше финале на Купот кое го загуби од Нант.
Три пати во кариерата беше тренер на сезоната во француската Лига 1.
Инаку Галтие е роден во Марсеј, а играл за локалниот Олимпик Марсеј кој е најомразениот ривал на Пари Сен Жермен.