Новиот член на Ла Лига ќе плати 6 милиони евра за Енис Барди!

3978

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е близу до трансфер во Алмерија, откриваат шпанските медиуми. Според нив новиот член на Ла Лига и раководството на Леванте се блиску до договор, трансфер сумата ќе изнесува шест милиони евра. Соработката со Леванте беше истечена, но првите луѓе ја активираа клаузулата за продолжување на договорот на уште две години, па токму затоа Алмерија ќе мора да плати за неговите услуги.

Барди ќе потпише едногодишен договор со можност на продолжување на истиот доколку Алмерија обезбеди опстанок во шпанската елита.

Македонскиот репрезентативец во изминатиот период беше поврзуван со неколку тимови, за Фенербахче често се пишуваше, во игра влезе и Трабсонспор.

ПретходноТри клуба застанаа во редот за Кристијано Роналдо!
СледноРФМ во обид да го спаси Вардар1961, испрати писмо до ЕХФ!