Македонскиот шампион, тимот на Шкупи, на 5. јули ги стартува мечевите од квалификациите за Лигата на Шампионите ова лето. Во Скопје, на Арената Тодор Проески со почеток од 20:45 гостува шампионот на Гибралтар, тимот на Линколн.
Во моментов Шкупи е на подготовки во Турција, а во меѓувреме од УЕФА пристигна информацијата околу судиската тројка која што ќе го води овој дуел.
Истата доаѓа од Австрија предводена од Себастиан Гишамер, а негови помошници ќе бидат Роланд Риедел, односно Маркус Реихолф.