Денеска се играат баражите: Вардар (Н) – Караорман, Арсими – Овче Поле…победниците одат во ВМФЛ!

678

Денеска од 17 часот се играат двете бараж средби за пополнување на единствената ВМФЛ. Познато е дека од следната сезона 2022/23, оваа лига ќе брои 16 клубови, 14 од нив се познати остануваат празни само уште две места. А тие две места ќе ги добиеме денеска околу 19 часот.

На стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје се среќаваат екипите на Вардар (Н) и Караорман. Овој меч ќе го суди Димитар Пилешков. Кој ќе победи во следната сезона ќе игра во ВМФЛ.

За оваа средба се најавува голем број фанови и на двете екипи.

И втората бараж средба, онаа меѓу Арсими и Овче Поле се игра во Скопје, но на стадионот во Ѓорче. Тука судија ќе биде Јован Качевски, и тука кој ќе победи ќе избори пласман во единствената втора лига.

Во случај на нерешен резултат по истекот на 90.минута веднаш ќе се изведуваат пенали.

ПретходноОва е наследникот на Тен Хаг на клупата на Ајакс
СледноРајковиќ: Стекнав доволно искуство за да водам голем клуб како ЦСКА