Со оглед на половичниот успех на четирите мечеви од јунскиот циклус од Лигата на Нациите во кој Македонија играше против Бугарија, Грузија и Гибралтар, следува пад на најновата ФИФА листа од две места.
Досегашното 62. место на листата е заменето со 64. место на кое во моментов се наоѓа Македонија. На местото на Македонија влезе репрезентацијата на Јамајка со која практично си ги заменивме местата.
Бразил и натаму е прв на листата пред репрезентацијата на Белгија, додека сега трета е Аргентина пред селекцијата на Франција.