Шкупи го договори и Пепи Георгиев!

2683

Како што дознава „Спортмедиа“, ново име во таборот на нашиот шампион е Пепи Георгиев, еден од најдобрите напаѓачи во нашата ПМФЛ во последните неколку години. Со ова чаирчани покажуваат дека и тоа како имаат намера да се засилат во пресрет на новата сезона во ПМФЛ, се разбира и за евро настапите.

Да се потсетиме дека Георгиев минатата пролетна полусезона играше за А. Пандев, претходно беше член на Теута (Албанија), а има играно и за екипите на Силекс, Брегалница, Беласица.

ПретходноДарбо пред трансфер во Русија, Шкупи чека да наплати 20%
СледноСтруга ТЛ го промовираше Фатјон Јусуфи! (ВИДЕО)