Иако Барса сака, иако Роберт Левандовски е очаен да направи трансфер во каталонскиот гигант, сепак сеуште нема ништо од тој договор меѓу Барселона и Баерн Минхен.
“Баварците“ не сакаат да чујат за помалку од 50 милиони евра да го пуштат својот најдобар фудбалер во Ла Лига.
Токму затоа, како што пренесуваат медиумите во Германија и Шпанија, челниците на германскиот гигант просто се насмеале на последната понуда на Барселона за Левандовски која изнесувала “само“ 35 милиони евра.