Орландо Меџик направи изненадување, како прв пик на драфтот го одбра Паоло Банкеро, а не Џабари Сми. Банкеро доаѓа од Универзитетот Дјук, каде минатата сезона имаше просек од 17,2 поени, 7,8 скока и 3,2 асистенции.
Втор пик е Чет Холмгрен од Гонзага кој го избра Оклахома, додека трети е Џабари Смит од Обурн кој беше избран од Хјустон.
Уште еден Србин ќе игра во НБА-лига. Никола Јовиќ беше избран на синоќешниот драфт во НБА како 27-ми пик на драфтот, многумина беа изненадени дека се најде на списокот на Мајами. Крилниот кошаркар е висок 211 см, роден е во јуни 2003 година. Тој пред стартот на изборот се пошегува и порача дека е Јовиќ, не Јокиќ.
🗣 Remember the name!
2022 #NBADraft presented by State Farm, tonight at 8pm/et on ABC and ESPN. pic.twitter.com/mmRZHEIe1K
— NBA (@NBA) June 23, 2022
Јовиќ беше дел од Мега, иако беше најавувано дека ќе биде драфтуван од страна на Денвер, сепак го одбра Мајами.
„Среќен сум што наскоро ќе бидам дел од Мајами и подготвен сум да работам. Ќе ја вратиме титулата во градот“, порача Србинот.