Мартин Христов е нов кондициски тренер на Сабаил

658

Младиот и перспективен македонски кондиционен терен, Мартин Христов има нов ангажман. Дел е од стручниот штаб на тимот на Сабаил од Азербејџан каде што македонските интернационалци реално не се непознаница.

Таму претходно престојуваа во различни периоди Тони Богдановски исто така како кондиционен тренер, потоа Милован Петровиќ, Даниел Божиновски, Томе Китановски, Флориан Кадриу, а еве сега на ред е и Мартин Христов.

„Се работи за одлично организиран клуб, во доста просперитетна лига во која клубовите доста вложуваат и сакаат да напредуваат. Задоволен сум што имам интернационален ангажман што е секако многу важно за мојот напредок како професионалец“ – ни изјави Христов.

 

ПретходноИ Бесарт Ибраими е тука…Струга ТЛ ги стартуваше подготовките! (ФОТО)
СледноПознат распоредот во Серија А: Елмас почнува против Верона, шампионот со Удинезе…