ФК Брегалница пред утрешниот почеток на подготовките за новата сезона вечерва ја официјализираше и соработката со Марјан Алтипармаковски.
Алтипармаковски имаше одлична сезона во дресот на „сините“ завршувајќи ја со десет погодоци и четири асистенции, по што доби нов договор со Брегалница.
30-годишниот Алтипармаковски претходно во својата кариера, како што е познато, има настапи и за Работнички, Пелистер и Струга ТЛ на македонската сцена, како и за грчките Шкода Ксанти и Панилиакос, литванска Судува, хрватски Интер Запрешиќ, како и за Сараево во БиХ.