Војдан: Сакаме победнички да ги завршиме квалификациите

123

Војдан Стојановски заедно со уште неколку кошаркари се еден од најискусните во редовите на нашиот национален тим и на последните два квалификациски дуели против Шпанија и Украина за место на Светското првенство 2023. Капитенот посакува една победа за крај, шансата ја гледа против Украина дома.

Потенцира дека атмосферата секогаш е на високо ниво, а желбата да се даде максимумот никогаш не е спорна.

Малку сме од искусните што останавме, имаме повеќе млади. Атмосфера секогаш имало и ќе има во репрезентацијата, а за натпреварите, Шпанија е со истиот состав кој играше во Македонија. Дали е Б или А тим, Шпанија е Шпанија, ние ќе дадеме се од себе, најважно ќе биде да се одигра достојно и против селекција од Евролигата и Еврокупот. Дома, пак, со Украина, сакаме да одиме на победа и да ги завршиме квалификациите барем со една победа. Во овој циклус научивме дека нема слаби репрезентации. Штета што цело време не сме комплетни, поради повреди и отсуство на играчи. Последен пат бевме комплетни на ЕП 2015 во Загреб“, изјави Војдан.

Македонија во среда патува во среда за Шпанија, на први игра против светскиот првак во Сарагоса, три дена подоцна ја пречекува Украина.

ПретходноБајиќ: Жалам што не можеме да ја покажеме вистинската сила
СледноЃоре Јовановски е нов тренер на Кожуф