Традиционално пред крајот на секоја ракометна сезона, Handball-Planet.com ја објавува листата на најголеми промашувања кога станува збор за трансфери во светки рамки.
Првите три места на оваа топ-листа им припадна на двајца екс-вардарци. Хорхе Македа и Данил Шишикарев, а друштво им прави и Маркусен од нивиот тим Веспрем. Унгарскиот тим и покрај тоа што има ѕвезден состав не успеа да се пласира на Ф4 во Келн, а уште помалку да ја освои титулата во домашниот состав.
Во овој список на десет играчи се најде екс-вардарецот, Марку Вујин, кој оваа сезона ја почна како член на македонскиот клуб, а потоа замина во Пик Сегед. Има место и за Толедо, кој од Вардар замина во Баја Маре.