И повторно папараците го „уловија“ Фил Фоден, ѕвездата на Сити и репрезентацијата на Англија во еден скандал. Ако пред неколку недели младиот напаѓач беше поврзуван со тепачка во еден ноќен клуб, каде што беше со својата мајка, сега на ред дојдоа и необични сцени на плажа во Грција каде што тој е на одмор со својата девојка Ребека со која има и две дечиња.
Имено Фил заминал станал од лежалката и сакал да се избања, и го оставил својот мобилен телефон, и погрешил. Ребека го земала и видела што има во него, какви пораки тој добивал и праќал на одредени девојки.
И секако, Ребека “збеснала“, кога се вратил Фил го чекала жестока расправија, а од видеото на 0.14 секунда се гледа како таа сака да го удри.
Сцени кои се вистинско уживање на присутните.