Напаѓачот на Пари Сен Жермен Нејмар е спремен да го напушти францускиот шампион ова лето, пишува францускиот „RMC Sport“. Бразилскиот фудбалер се почувствувал повреден од зборовите на претседателот Насер Ал-Келифи затоа што го изоставил името на напаѓачот кога зборувал за новиот клупски проект.
На прашањето дали Нејмар е дел од новиот проект, Ал Келаифи не беше јасен околу останувањето на Бразилецот.
„Не можам да кажам. Некои ќе дојдат, некои ќе си одат, се работи за преговори кои не се за во јавност“.
Играчот веруа дека шефовите не го ценат и тој не се чувствува како еден од лидерите во тимот.
Претходно имаше информации дека агентите на Нејмар разговарале со Јувентус, но високите побарувања на играчот го оддалечуваат од торинскиот клуб. Нејмар постигна 13 гола и имаше 8 асистентии во 28 меча во сите турнири минатата сезона. Инаку договорот на Бразилецот со ПСЖ е до 30 јуни 2025 година.