Седмиот ностел на годинешното издание на Вимблдон, полскиот тенисер Хуберт Хуркач одлучи да донира 100 долари за помош на Украина за секој ас кој ќе го постигне.
Хуркач е еден од најдобрите сервери на турнејата, оваа година веќе постигна 452 неодбранливи сервиси, повеќе асови отколку што постигнаа само Американците Џон Иснер и Рајли Опелка.
Да потсетиме, Вимблдон почнува денеска, а АТП и ВТА нема да даваат бодови за пласман на тенисерите бидејќи организаторот на турнирот им забрани настап на Русите и Белорусите.