Михајловски: Владини институции ми ветуваа многу, добивме НУЛА помош!

566

Вардар 1961 после долги години нема да биде дел од Лигата на шампиони. Информација која ја раздрма целата македонска јавност, бидејќи токму овој тим ги донесе најубавите денови во нашата земја. Две титули во Лигата на шампиони, за кои можат да сонуваат и многу поголеми европски имиња.

Првиот човек на клубот Михајло Михајловски одлучи на прес-конференција да ги отвори картите.

„Сите сте сведоци за она што не снајде, со ова непријатно изненадување не само за нас туку и за целата македонска јавност. Голем почит кон Сргеј Самсоненко, кој успеа да освои две титули во тие пет-шест години. Човекот од свои причини го остави клубот, јас како заљубеник во спортот (31 година), се нафатив да го спасуваме Вардар, бидејќи сите беа слободни. Знаевме што е цел на екипата, да се биде меѓу 16 во Европа, да се освои Куп и првенство, и да играме финале во СЕХА.

Сето ова го направивме, играчите кои беа достапни ги обезбедивме. Ова го направив во договор со највисоки владини и градски институции, да не беше договорот со нив немаше да се нафатам сам. Знам колку се потребни средства за да се направи такво нешто, не може да се реализира само со спонзори. Јас разбирам дека влетавме во лошо време, пандемија, енергетска криза, на крај и војна во Украина. Имам делумно оправдување за тие што ми ветуваа Михајло ќе остане со тебе, не добив никаква помош, НУЛА помош. Очекував дека 50% ќе добијам помош, мислам луѓето ќе имаат доблест и ќе го реализираат тоа.

Затоа сакам да им се зблагодарам на сите спонзори кои беа позади нас. Комерцијална банка, Гаминг, Еуроникел, НЛБ Банка, Горска…“, ја почна Михајловски прес-конференцијата. 

Следете не во продолжение…

ПретходноСедмиот носител на Вимблдон ќе донира 100 долари за Украина за секој ас!
СледноМИ 2022: Одбојкарите тргнаа со убедлив пораз од Египет