Јавна тајна е дека Челзи по секоја цена сака да го донесе Матијас де Лихт, одличниот стопер на Јуве, инаку репрезентативец на Холандија.
Од таборот на Јуве велат дека отштетата за Де Лихт е 100 милиони евра, а факт е дека Челзи ниту во сон нема да пригати таа сума да ја исплати, па во игра сега го “става“ и Тимо Вернер, германскиот напаѓач на „сините“ од Лондон.
Сепак од Јуве нагласуваат дека нема да имаа ништо против Вернер да дојде во Торино, но треба да се платат уште 70 милиони евра за Матијас де Лихт.
Значи. Де Лихт во Челзи? Може…ама за 70 милиони евра плус Тимо Вернер, тоа е барањето на италијанскиот гигант.