Чави го прекинал одморот за да го убедува Дембеле да остане во Барселона

199

Тренерот на Барселона, Чави, активно се обидува да го реши прашањето околу иднината на крилниот напаѓач Усман Дембеле.

Според каталонскиот весник „Спорт“, тренерот на „блауграна“ бил иницијатор на денешната средба со агентот на играчот. Поради неа 42-годишниот стратег го прекинал својот одморот.

Чави се обидува да го убеди Дембеле да ги прифати условите од новиот договор што го нуди Барселона, но агентот на фудбалерот уште еднаш потенцирал дека тие нема да потпишат нов договор, доколку Барселона не ја подобри понудата.

ПретходноОлимписката медалистка од Пекинг доби 11 годишна суспензија поради допинг
СледноКаљари вчера имал преговори со агентот на Несторовски