МИ 2022: Нуров и Егоров денеска по први медали за Македонија

173
Најдобрите македонски борачи Магомегаџи Нуров и Владимир Егоров, денеска повторно се на душекот на Медитеранските игри во Оран, но овој пат во финални битки за освојување на медал.
Нуров вечерва во 20:30 часот ќе се бори против Фејзула Актурк од Турција во борба за за златниот медал на Медитеранските игри ОРАН 2022, со што би го одбранил златото од МИ Тарагона 2018.
Владимир Егоровм пак, преку репасаж ќе се бори против Абделхак Хербаче од Алжир во 19:20 часот за бронзен медал на Медитеранските игри.
ПретходноКуман: Барселона живее во минатото со систем 4-3-3 и со тој „тика-така“ фудбал
СледноДурент ќе остане во Бруклин најмалку уште оваа сезона