Ова објаснува и како толку лесно Њукасл го победи Милан во битката за Свен Ботман. Италијанците не можеа да си дозволат да платат повеќе од 30 милиони евра за Холанѓанецот, додека „Страчките“ лесно извлекоа речиси двојно повеќе.
Најмногу пари од ТВ правата во Серија А минатата сезона доби Интер со 84,2 милиони евра, следен од Јувентус со 77,9 милиони евра, а Милан е само трет на оваа ранг-листа со 77,8 милиони евра.Наполи со 68,5 милиони евра и Рома со 64,1 милиони евра. На сметката се пресметуваат и парите од продажбата на билети, како и од настапот на тимовите на различните натпреварувања како Лигата на Шампионите, или пак Лигата на Европа.
Сето ова уште еднаш покажува колку е голема разликата во моментов помеѓу Серија А и Премиер лигата. Англиските клубови добиваат далеку посериозни суми и тоа им овозможува да бидат многу посилни на трансфер пазарот. Ова во голема мера ги потврдува зборовите на претседателот на Милан, кој неодамна изјави дека Серија А станала Серија Б во споредба со другите големи лиги.