Лазаров: Момците одиграа максимално! Против Алжир ќе биде тешко, но мора да веруваме во себе!

734

Македонската ракометна репрезентација со убедлив триумф ги стартуваше Медитеранските игри, ја совлада Грција со 39-21.

Победата добива поголема тежина, бидејќи селекторот Кирил Лазаров во Оран замина со млади играчи, кои одиграа максимално против Грција.

“Не очекував висок триумф. Одигравме максимално сконцентрирано и фокусирано”, е првиот коментар на Кирил Лазаров за СПОРТМЕДИА.

Денеска против Алжир, домаќинот на Медитеранските игри ќе биде далеку поинаков меч, бидејќи ќе настапи во комплетен состав и најважно игра пред домашна публика.

“Алжир сериозно се подготвува за афричките игри кои се на програма по Медитеранските игри.

Ќе биде многу тежок меч затоа што Алжир е комплетен со сите интернационалци кои играат во Европа. Вистински предизвик за нашите млади ракометари. Мора да се бориме и да веруваме во она што сме го сработеле на треннинг. Полна сала и огромен притисок не чека на овој дуел”, додава селекторот на нашиот национален тим.

ПретходноЛевандовски бара трансферот во Барселона да биде затворен оваа недела
СледноПромоција: Дарио Десниќ во дресот на Вардар! (ФОТО)