МИ 2022: И трет убедлив пораз на одбојкарките!

107

Денеска на МИ во Оран, нашата женска одбојкарска репрезентација го претрпе и третиот пораз на игрите. Македонија загуби од Грција и тоа со максимални 0:3, едноставно противникот беше пресилен.

Грција првиот сет го доби со 18:25, во вториот беше подобра со 16:25 а третиот заврши со резултат 19:25.

Како што веќе напоменавме, нашите одбојкарки претходно загубија од Египет (1:3) и вчера од Тунис (0:3).
Три убедливи порази за селекцијата која по цела една деценија се врати на меѓународната сцена.

ПретходноПромоција: Дарио Десниќ во дресот на Вардар! (ФОТО)
СледноШампионот во Серија А добил помалку пари од ТВ права од последниот во Премиер лигата