Не успеа да се наметне во Ливерпул но затоа му донесе двојна заработка

220

Ливерпул официјално го продаде јапонскиот напаѓач Такуми Минамино во Монако. Двете страни се договорија уште пред неколку денови, но денеска двата клуба ја објавија зделката. Минамино премина во Монако за 15 милиони евра фиксно плус 3 милиони во форма на бонуси. Договорот е на четири години.
Тоа е речиси двојно повеќе од сумата што Ливерпул ја плати на Салцбург за да го донесе Минамино на Енфилд. Сепак, фудбалерот не можеше да избори првотимски статус покрај големи ѕвезди во нападот како Салах, Мане, Фирмино… па минатата полусезона ја помина како позајмен во Саутемптон.
Го сакаа Лидс, Аталанта, Вулверхемптон но Монако ја имал најдобрата понуда.

ПретходноИга Швјонтек со најдобра победничка серија во 21. век
СледноЕкс-стратегот на Рома на кормилото на Лил