Академија Пандев доживеа пораз од 3:1 од екипата на ЦСКА 1948 во меч одигран во Банско. Голот за „Пандевци“ го постигна Митровски во 69. минута за намалување на резултатот на 2:1.
Инаку, ЦСКА била далеку подобра екипа и имала многу шанси за уште поубедлива победа. Голманот Јовановски со неколку интервенции ги спасил струмичани, се истакнуваат две, едната на почетокот на мечот кога го спречил ударот на Колев и во 73 минута кога со сите сили успеал да ја исфли топката во корнер по ударот на Русев.